Земјоделци од целиот Струмички Регион денеска претпладне се собраа на нов протест во центарот на Струмица. Со своите трактори и земјоделска механизација го блокираа подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи повисока откупна цена на црвената пиперка – ајварка, која сега чини 25 денари за килограм. Иако министерот за земјоделие Борче Серафимовски по неколку одржани состаноци со фабриките ...

Струмица и денеска е блокирана од големиот протест на земјоделците производители на пиперката – куртовска капија, кои дојдоа со нивните деца. Голем е револтот кај производителите од ниската откупна цена на пиперката за само 25 денари од килограм. И денеска земјоделци од Струмичко со земјоделска механизација се собраа во центарот на градот да го искажат незадоволството од откупните цени кои не ги покриваат ни производствените трошоци. ...