Општина Кисела Вода од утрово почна со чистење, кастрење, косење и подигнување на кабаст отпад долж трим-патеката, на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булевар Србија. За реализација на овие активности се ангажирани 30 сезонски работници. Со цел ефективно и квалитетно извршување на работите, се користи и целокупната опрема на општината: камиони, тримери и телескопски пили. Локалната самоуправа упати апел до ...

Општина Кисела Вода почна со изградбата на детско катче, во кругот на ООУ „Свети Климент Охридски“ во Драчево. Тоа е првото од планираните десет на нејзината територија. -На гумирана подлога што го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување. Просторот ќе биде и осветлен, за безбедна игра и во вечерните часови – соопштија од Општината. ...

Стаменкоска-Трајкоска и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска се на средба со претставници на локалниот бизнис сектор. „Со благовремено ажурирани податоци, ние може да имаме поквалитетен пристап кон бизнис заедницата. Со самото тоа што ќе имаме поквалитетен пристап до бизнис заедницата, ние како локална власт сме мост помеѓу централната власт и сите оние што се засегнати. Целта е да имаме порелаксирана и ...

„Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од Општина Кисела Вода“ беше настанот во рамките на кој градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска оствари средба со бизнис-заедницата и со претставниците на компаниите од овој дел на градот. Како што истакна Стаменкоска-Трајкоска, Кисела Вода и досега важела за општина со високи стандарди на транспарентност и добра соработка со бизнис-секторот, а целта, како што рече, е тие односи ...