Заматената вода за пиење, што тече од чешмите на стружани, разбистри многу недостатоци во целиот систем за водоснабдување на Струга. Покрај негрижата за заштита на изворот, со цел граѓаните да пијат и да користат квалитетна вода, ЈП „Водовод и канализација“ од Струга, е задолжено да плаќа за користење на водата на државата, а на тоа го обврзува закон донесен во 2008 година. Како што појасни одговорниот за води, во Министерството за животна ...
Над 50 илјади жители во Струга 18 години пијат вода од изворот „Шум“, кој се користи без дозвола и без основна заштита. Ова го утврди Инспекторатот за животна средина со вонреден надзор по хаваријата минатиот месец, кога градот речиси еден месец остана без чиста вода за пиење. Речиси две децении, без дозвола и без утврдени заштитни зони, Општина Струга го користи изворот „Шум“, од каде со вода за пиење се снабдуваат над 50 илјади жители. Ова ...
Случајот со изворот „Шум“ веќе не е само комунален скандал, туку учебник за тоа како локалната и централната власт со години можат да дозволуваат незаконска пракса, а да реагираат дури кога од чешмите ќе потече кал. Најновите наоди покажуваат дека Струга 18 години го користела изворот „Шум“ без соодветна дозвола, без утврдени заштитни зони и без да плаќа надоместок кон државата, иако законската обврска постои уште од 2008 година. Тоа значи ...
Проблемите со заматената вода за пиење во Струга отворија сериозни прашања за функционирањето на водоснабдителниот систем, откривајќи дека општината со години не ги исполнувала законските обврски. ЈП „Водовод и канализација“ од Струга, и покрај законската обврска од 2008 година, не плаќало надомест за користење на водата од изворот Шум. Како што информираат од Министерството за животна средина на брифинг со новинарите, дури сега, откако им е ...

