Брегалница в сабота го игра првиот домашен меч како повратник во Првата македонска фудбалска лига, во рамки на второто коло во единствениот меч под рефлектори за оваа рунда „сините“ ќе се соочат со Арсими од Чегране. Штип е подготвен за прволигашки фудбал, билетите за мечот меѓу Брегалница и Арсими ќе се продават по цена од 100 денари на влезот на стадионот на денот на натпреварот, а на располагање за верната публика ќе биде новата трибината ...

Голманот Никола Филевски и следната сезона 2026/2027 ќе биде дел од Брегалница, откако неговиот трансфер не успеа да се реализира во Србија во тимот на Јавор Ивањица, со што Филевски кој е член на македонската репрезентација до 21 година ќе го носи „синиот“ дрес. Младиот и перспективен голамн се враќа во Брегалница и ќе потпише нов договор за продолжува на соработката со прволигашот од Штип. Филевски кариерата ја започна во Форца Вардар, ...

Брегалница продолжува да се засилува за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а најново име е Матеј Ангелов, кој се враќа во дресот на „сините“. Ангелов е старо-нов плејмејкер на Брегалница, потекнува од школата на штипскиот клуб, се работи за дефанзивен играч за врска. Има стекнато искуство во Првата македонска фудбалска лига настапувајќи за Работнички, а беше дел и од украинскиот шампионат, каде настапуваше за екипата на ...