Екипата на Брегалница Штип победи на жешкото гостување во Сингелиќ против Шкендија Арачиново со 2:1. За Шкендија ова е прв пораз сезонава, и тоа на домашен терен. Подвигот на штипјани е уште поголем ако се знае дека губеа со 1:0, но направија целосен пресврт и со три бода се враќаат од ова гостување. Вистински херои се фудбалерите на Брегалница затоа што на крајот од првото полувреме дел од нив беа физички нападнати од редари и некои службени ...

Екипата на Брегалница издвојува голема победа над Шкендија Арачиново во дерби натпреварот од 13. коло во Втората македонска фудбалска лига. Скопскиот тим влезе во ова соочување како неприкосновен лидер на табелата, тим со низа на издвоени победи, но денеска наидоа на ривал кој ги матираше и покрај сите притисоци, инциденти што се случија на овој натпревар. Шкендија поведе преку Љамалари, штипјани одговори преку Карчевски за 1-1 на полувреме. ...