Натпреварот од 19. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток меѓу Тиверија и Брегалница од Делчево нема да се одигра. Тимот од Делчево мечот ќе го добие со службен резултат од 0:3 и службени три бода, а истиот нема да се одигра бидејќи домашниот тим не бил во можност да обезбеди кворум за натпревар. „Оваа недела сме слободни и натпреварот го добиваме службено поради неможност на противникот да обезбеди кворум за натпревар“, вели тимот ...
Во рамки на 19. коло од Третата лига – Исток, ФК Брегалница Делчево ќе ги освои бодовите без игра, откако нивниот противник ФК Тиверија Струмица не успеа да обезбеди кворум за одигрување на натпреварот закажан за в недела. Согласно правилата, натпреварот се регистрира со службени 0:3 во корист на делчевци, кои на тој начин без излегување на терен ќе го збогатат своето бодовно салдо. Останатите натпревари од ова коло во ТМФЛ Исток се: Во ...
Натпреварот од 19. коло на Трета лига – Исток меѓу Тиверија и Брегалница Делчево ќе се одигра, иако клубот од Делчево истакна соопштение дека мечот немало да се игра поради како што вели делчевскиот клуб немање на кворум кај струмичкиот тим, па си објави соопштение дека службено го добиваат мечот. Сепак, редакцијата на Спортска Мрежа дознава дека официјално овој меч ќе се одигра и дека не е точна информацијата, оти Тиверија нема да игра. ...

