ЕКИПА во Хернинг, Стеван Цаневски Синоќешното реми со Португалија е многу важно за Македонија, останавме во игра за второто место во групата, но овој бод може да биде драгоцен и да донесе значајна привилегија за нашата национална селекција. Победа над Романија би значела дека ќе го освоиме најмалку третото место во групата, и тоа со три освоени бодови, со што би биле меѓу најдобрите третопласирани репрезентации на шампионатот, што е многу ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ја очекува клучниот натпревар против селекцијата на Романија, кој воедно е и последен за двете репрезентации во првата групна фаза на Европското првенство што оваа година се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Влогот е голем, бидејќи со евентуален триумф нашите ракометари сигурно ќе го освојат третото место во групата. Таквиот пласман носи исклучително важен придонес – само еден натпревар ...

