Струмичанкатa Тина Русева која ги освои симпатиите на македонската и европската јавност со настапот на музичките натпреварувања „Гласот на Германија“ и победата на „Гласот на Европа“ на Youtube платформата го објави својот прв сингл на македонски насловен како СВОЈА. Станува збор за авторска приказна со која Тина упатува порака до сите да останат доследни на своите соништа. Музиката и текстот се на Никола Буџак а аранжманот на Иван Кукиќ. ...
Нашата млада музичка сензација Тина Русева продолжува да го освојува музичкиот простор со нови успеси. По настапите што ја истакнаа на европската сцена и бројните позитивни реакции од публиката, таа конечно ја претстави својата прва македонска авторска песна „Своја“, со која испраќа силна порака за самодоверба, искреност и храброст да се биде тоа што си. Песната „Своја“ е модерна, динамична поп-композиција со силна емоционална порака. Во неа ...

