Злоупотреба на деца од ЗНАМ е обвинувањето што денеска го пласираше СДСМ, тврдејќи дека во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, на настан организиран како „хуманитарна акција“ од Советот на родители, децата биле ставени во функција на политичка промоција и биле принудени да пеат песна од изборната кампања на Максим Димитриевски. Според соопштението на партијата, станува збор за случај што отвора прашања и за политичката одговорност на ...
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла како „целосно невистинити и злонамерни“ обвинувањата на СДСМ дека децата во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, кои денеска ја пееја песната посветена на лидерот на ЗНАМ и кумановски градоначалник, Максим Димитриевски, биле „принудени“ тоа да го прават. „Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои, велат ...
Настанот за кој обвинува СДСМ се случил за време на хуманитарна акција организирана од Советот на родители при кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ во кое, како што посочуваат од партијата, работат сопругата на Димитриевски, како и Ивана Георгиевска која по изборите беше реизбрана за претседателка на Советот на Општина Куманово Опозицискиот СДСМ обвини дека ученици од Основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово биле злоупотребени за ...

