Ракометарите на Охрид втора сезона по ред обезбедија пласман во осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Актуелниот освојувач на трофејот го мина литванскиот Драгунас Клаипеда во третото коло и уште еднаш потврди дека има високи амбиции на европската сцена. Ѓукиќ беше најефикасен во редовите на Охрид со седум погодоци. По четири гола постигнаа Иванковиќ, Лјапис и Зечевиќ, додека кај гостите Драксас беше најдобар со четири погодоци. Охрид сега ...

Ракометарите на ГРК Охрид со убедлив триумф од 30-19 во првиот натпревар од третото коло над литвански Драгунас Клаипеда ја продолжија вечерва одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп. Избраниците на Борис Ројевиќ во првиот од двата натпревари против Драгунас Клаипеда на домашен терен ја оправдаа фаворитската улога и речиси го обезбедија пласманот во осминафиналето. Литванскиот тим имаше водство од 4-2 во почетните минути, по што ...

ГРК Охрид денеска и утре ќе одигра два натпревари во рамките на третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Противник на актуелниот бранител на титулата е Драгунас Клаипеда. Тренерот Борис Ројевиќ и неговите избраници, со оглед на составот со кој располагаат, влегуваат како големи фаворити. Останува оваа улога да ја оправдаат и на теренот. „Тимот на Драгунас Клаипеда игра навистина добро. Го мина првото коло, па очекуваме тежок натпревар. Ќе се ...