Во Сингапур постои необично и сè попопуларно место кое носи име „Југославија“ и кое на прв поглед изненадува многу посетители, особено оние од Балканот. Станува збор за кафе-пекарница „Југославија“ која успеала да создаде автентична балканска атмосфера во срцето на Азија и да стане вистинска атракција меѓу локалците и странците. Зад овој интересен концепт стојат Митре и Катарина, Македонци кои со својата идеја сакале да ги приближат ...

Ако на аеродромот во Сингапур ви замириса бурек или ви се причини дека слушате југословенска музика – не ви се причинува, „Yugoslavia Bakery and Cafe“ е познато „парче од Балканот“ во оваа егзотична земја. Синџирот кафулиња и пекарници наречен „Yugoslavia“ во Сингапур не привлекува внимание само со името, туку и со целиот концепт. Брзо стана локална атракција, а засега има три локации во Сингапур, од кои особено внимание привлекува токму ...