Под влијание на циклонска активност од денес во вечерните часови, до крајот на неделата следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни. Прогноза за 04.12.2025 Минимална температура: 4°C до 9°C Максимална температура: 9°C до 14°C ...

Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во Скопје, утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат ...