Репрезентите на Македонија, во ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид и Алкалоид го добија противниците со кои ќе се соочат во третото коло. Бранителот на гтрофејот, ГРК Охрид, во второто коло немаше проблеми со Спор Тото од Турција, забележа две убедливи победи. Во третата рунда, екипата од Охрид ќе се соочи со екипа од Литванија. На 21 или 22 ноемвир, ГРК Охрид ќе гостува кај Драгунас Клаипеда . Реванот во Охрид ќе биде една недела подоцна. ...

Бранителот на титулата ГРК Охрид ќе биде домаќин на двата натпревари против литвански Драгунас Клаипеда во рамки на 3. коло во ЕХФ Европскиот куп. Како што денеска објави македонскиот ракометен суперлигаш, првиот натпревар ќе се игра на 21 ноември со почеток во 18 часот во СЦ „Билјанини извори“, а реваншот е ден подоцна во истиот термин. Ракометарите на Охрид минатата сезона го освоија трофејот во третото по ранг европско клупско ...

Во Виена денеска се одржа извлекувањето на двојките за третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Македонските претставници за ривали добија екипи од Литванија и од Словенија. Бранителот на пехарот во ова натпреварување ГРК Охрид за противник ја има екипата на Драгунас Клаипеда од Литванија, која пред две сезони беше противник на Алкалоид. Вториот македонски претставник Алкалоид има потешка задача и за ривал ја има словенечката екипа Горење Велење, ...