По две сезони минати во дресот на ТФТ, Дарин Говенс и официјално се раздели со скопскиот клуб. Американскиот кошаркар беше еден од лидерите на тимот во изминатиот период и важна алка во успесите на ТФТ на домашната и регионалната сцена. Од клубот му се заблагодарија за сè што го направи во изминатите две години, нагласувајќи дека со својата професионалност, посветеност и лидерски квалитети оставил силен белег во соблекувалната и на теренот. ...

ТФТ Скопје имаше напорна сезона во која до крајот беше во игра за пласман во АБА лигата и разигрување за титулата во македонското првенство, но откако не успеа да го оствари тоа што посакуваше, стана јасно дека ќе мора да се раздели со еден од најдобрите во тимот. Американецот Дарин Говенс става крај на својата двегодишна авантура во македонската кошарка, бидејќи претпоставките се дека ќе направи трансфер во друг клуб од Европа. Дарин беше ...