Второлигашот Скопје кој во пролетниот дел ќе води борба за влез во Првата македонска фудбалска лига се засили со Бесмир Даци, 21-годишен талент кој доаѓа од косовски Шари во Автокоманда. Десното крило стави потпис на договор со тимот кој го води искусниот стратег Александар Таневски, а Даци всушност е повратник во Скопје, бидејќи и во минатото го носеше дресот на „пиратите“, па доаѓа во добро позната средина. Низ својата кариера Даци покрај ...
Амбициозниот второлигаш Скопје претстави две нови засилувања за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. По Кристијан Наумовски во Скопје зимава се преселија уште Симеон Христов и Бесмир Даци. Поточно, Христов и Даци се враќаат на добро позната средина. Искусниот напаѓач есенскиот дел од сезоната го мина во редовите на Македонија ЃП, каде забележа шест гола на дванаесет натпревари, додека Даци во Скопје доаѓа по ...
Второлигашот Каменица Саса ги започна подготовките за пролетниот дел – целта ќе биде опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона. Раководството на клубот активно работи околу засилување на ростерот за пролетните предизвици. „Рударите“ како што дознава Спортска Мрежа се засилија со две нови имиња – се работи за Филип Николовски кој доаѓа од редовите на Слога Виница и Михаил Танчев кој пристигна од Кожуф од Гевгелија. 21-годишниот ...

