Со убедливата победа на Струга Трим Лум на Пелистер во саботата беше отворено 26. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а за денес се закажани преостанатите пет натпревари, кои ќе се одиграат во пет различни градови. Во предигра на полуфиналната битка, Брера во Струмица ќе го пречека залетаниот Вардар. „Црвено-црните“ играат во одлична форма во овој дел од шампионатот и веќе пет кола се без пораз, а осоколени од триумфот во Битола на ...

Пишува: Зоран Ѓоршоски Нова добра, одлична партија на Вардар. Нова гостинска победа, четврта оваа пролет на петте гостувања и продолжување на серијата од осум меча без пораз. Ова е најдолга серија без пораз на Вардар во ПМФЛ, од таа во 2019-2020 кога од 18.08 до 30.10.2019 година, нашиот најтрофеен клуб немаше пораз на 13 меча во низа. Со оглед на тоа дека во првенството има уште да се одиграат уште седум кола, а во Купот максимални три меча, ...