Скопје, 5 септември 2025 (МИА) - За 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година со точка на дневен ред Предлог на заклучокот за вршење на надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност во просториите на Агенцијата. ...
Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши вечерва соопштија дека седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за денеска во 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи на 10 септември. Од собраниската прес-служба информираат и дека за истиот ден е предвидена и надзорна посета ...
Седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање (АР) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) која требаше да се одржи денеска не е одложена, туку е поништена. Ова денеска на прес-конференција го изјави нејзиниот претседател Скендер Реџепи, кој рече дека доколку седницата се одржела тоа ќе било прекршување на Деловникот за работа на Собранието. Имено, како што кажа Реџепи, кој доаѓа од редовите на ...

