Денеска во Нион, седиштето на УЕФА се одржа ждрепката која го одреди противникот на Македонија во баражот за опстанок во Б Лигата на нации. Нашата репрезентација беше меѓу четирите носители во ждрепката, по која стана јасно дека во март догодина ќе се бори за опстанок во Б лигата на нации против Кипар која беше една од второ пласираните селекции во Лига Ц. Првиот меч Македонија ќе го игра на гостински терен на 25 март, со почеток од 18:00 ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ја пречекува Словенија во последниот натпревар од ова издание на Лигата на нациите. Македонија ќе ја бара првата победа во Б-дивизијата, откако ги загуби претходните пет натпревари. Пред три дена Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Шкотска во Глазгов, но Елмин Растодер го постигна првиот гол за нашиот тим во ова издание на Лигата на нациите. Со тоа беше прекината серијата ...

