Јаткастите плодови се неизоставен дел од здравата исхрана. Имајќи го предвид нивниот фантастичен вкус, воошто не нè чуди фактот што многумина уживаат во овие намирници. Тие се одлични како ужина меѓу оброците, како грицки за на работа или како додатоци во разни јадења. Знаејќи го фактот дека се многу здрави, често луѓето се прашуваат кои јаткасти плодови се најдобри за консумирање. Сајтот Mind Body Green, во соработка со нутриционисти ...
Ф’стаците се најдоа на првото место на ранг листата поради тоа што се одличен извор на протеини, влакна и здрави маснотии. Нутриционистката Керолин Браун ги нарекува овие плодови “activity food” (храна за активност) бидејќи ф’стаците се продаваат во лушпа, а за да уживаме во нив, треба да ги лупиме. Керолин вели дека оваа “активност” е одлично средство против емоционалното прејадување. Во народната медицина, оревите се сметаат за одлична храна ...

