„Ако во следните две години минималната плата не порасне барем на 850 евра, Македонија ќе остане без работници“. Со ова предупредување економистите и аналитичарите се обидуваат да ѝ укажат на државата дека времето за сериозни економски одлуки истекува. Пазарот на труд, велат тие, одамна го испратил сигналот дека нешто не е во ред. Сè повеќе фирми не можат да најдат работници, а младите, оние што имаат некаква стручност или занает, без многу ...

Повеќе од итно е да се зголеми минималецот, сметаат дел од синдикатите, додека работодавците стравуваат дека тоа ќе доведе од „урамнување“ на платите и демотивација на добрите работници. За власта нема оправданост од вонредно зголемување на минималецот и очекува намалување на инфлацијата. Работам во индустрија во смени, за нешто повисока плата од минималната плата. Сопругата работи само една смена и е на минималец. Со две деца, со сметки и со ...