Белград, 25 ноември 2025 (МИА) - Нафтена индустрија на Србија (НИС) попладнево соопшти дека рафинеријата за нафта Панчево почнува подготовки за прекин на работата, поради недостиг на нафта за преработка, предизвикан како резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз компанијата. „Во првата фаза, постројките се пуштени во топла циркулација, а целиот процес се спроведува во согласност со законите на Република Србија, ...

Педесет дена ѝ даде рок Србија на Русија да ја продаде Нафтената индустрија на Србија (НИС), артеријата на целиот економски живот на земјата, чија работа е загрозена поради американските санкции. Ако по 50 дена не дојде до продажба, српските власти најпрво ќе воведат принудна управа во НИС, а потоа ќе им ја понудат на „руските пријатели“ највисоката цена, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ. „Сакаме да бидеме фер кон руската страна, ...