Едно од најзначајните македонски културни обележја, Камениот мост на Вардар, сместен во срцето на Скопје, веројатно ќе се реновира и осветлува од страна на засега неодредена турска фирма, земајќи предвид дека токму овој проект се најде на тендер објавен од страна на истанбулската општина Есенлер од Република Турција. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски неодамна соопшти, како што рече тој, ексклузивно, дека за реставрацијата на Камениот мост ќе ...

Во петокот заврши тендерот за осветлувањето на Камениот мост во Скопје, кој беше распишан од страна на турската општина Есенлер и во периодот што следи се очекува странската локална самоуправа да одлучи која од пријавените компании има најповолна понуда. Во меѓувреме, од Градот Скопје одговорија на прашањата од „Слободен печат“ како е одлучено Општината Есенлер да објавува јавна набавка за македонско културно обележје од исклучителна важност ...

– Со новото осветлување, Камениот мост, кој е еден од најзначајните симболи на Скопје, ќе добие нова естетска димензија и дополнително ќе го збогати ноќниот изглед на градот – нагласуваат од Град Скопје. Од Град Скопје велат дека не станува збор за реконструкција или реставрација на Камениот мост, туку за санација на неговото осветлување. Притоа, објаснуваат дека донацијата е резултат на протоколот за пријателство и заедничка соработка, кој ...