Ситуацијата на релација Мајк Мењан-Милан е непроменета и се чини дека францускиот голман дефинитивно ќе го напушти италијанскиот клуб по крајот на сезоната. Засега нема најави за померување на статус-кво ситуацијата во однос на преговори за нов договор, па Милан веќе активно бара замена и негов наследник на важната позиција во тимот. Италијанските медиуми тврдат дека изборот паднал на Уго Соуза, актуелен голман на Коринтијанс, а Милан веќе ...
Милан почна да бара голман за наредната сезона, затоа што е се поизвесно дека Мајк Мањан ќе си замине од клубот и ќе брани во друга средина. Според извештаите од медиумите, прв пик е голманот на Коринтијанс Уго Соуза, за кого „росонерите“ веќе испратиле понуда. Понудата од шест милиони плус 2 милиони евра бонуси била наводно одбиена за 26-годишниот голман. Раководството на Коринтијанс смета дека понудата е прениска да се откаже од услугите на ...
Делуваше дека сè е готово на релација Милан и капитенот Мајк Мењан, меѓутоа ситуацијата доби нов пресврт. Управата на „росонерите“ реши да ги обнови преговорите со својот голман за продолжување на договорот кој истекува во јуни. Двете страни преговараа уште минатата сезона, меѓутоа тогаш од клубот се повлекоа неколку месеци, а на тоа Мењан очекувано се налути. Долго време немаше преговори и делуваше дека Французинот ќе замине од „Сан Сиро“. ...

