Пензионерите најавуваат протести пред Уставен среде дилемите – што ќе биде со линеарното зголемување на пензиите, откако судот одлучи по сопствена иницијатива да преиспитува дали зголемувањето од вкупно две илјади денари е во согласност со Уставот. Пензионерите во септември на картичка добија илјадарка плус, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари – пари од кои нема да се откажат, велат тие на ...

Пензионерите од целата држава денеска на протест пред Уставниот суд во Скопје го изразија својот револт од најавеното укинување на линеарното покачување на пензиите. Протестот доаѓа откако Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој го регулира линеарното зголемување. – Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и за ...