Жестоките борби меѓу силите на исламистичката влада и курдските борци продолжија во северниот сириски Алепо втор ден по ред во средата, при што илјадници цивили се во бегство а најмалку четири лица се убиени. Насилството и префрлањето на вината за неговото избувнување покажуваат дека застојот меѓу Дамаск и курдските власти, кои се спротивставуваат на интеграцијата во централната влада, се влошува и станува сè посмртоносно. Судирите избувнаа ...
Сириското Министерство за одбрана денеска прогласи прекин на огнот во северниот сириски град Алепо, по неколкудневните жестоки судири меѓу силите предводени од Курдите и владините трупи, јави ДПА. Прекинот на огнот започна во населбите Шеик Максуд, Ашрафија и Бани Заид во Алепо од 3 часот наутро( на полноќ по среднопевропско време), соопшти министерството. Вооружените групи имаат шестчасовен период за да ја напуштат областа, а крајниот рок е ...
Сириската војска соопшти дека темелно го прочешлала округот Шеик Максуд во градот Алепо, сигнализирајќи дека со сила ја презела контролата над областа од курдските борци, откако привремениот прекин на огнот не успеа да ги запре повеќедневните судири во градот. Насилството во Алепо ја продлабочи една од главните линии на поделба во Сирија, каде што ветувањето на претседателот Ахмед ал-Шара дека ќе ја обедини земјата под еден водач по ...

