Раководството на Челси е на удар на јавноста и на навивачите поради константните промени на тренерите во последните години, но „сините“ се соочуваат со нов огромен проблем – по најавите дека Кол Палмер е незадоволен и сериозно размислува за заминување од „Стемфорд бриџ“. Најдобриот фудбалер на Челси е разочаран од несериозноста, сметајќи дека честите промени, но и безидејното трошење пари на ново и нови засилувања, имаат само негативен ефект ...
Одредени британски медиуми објавувија дека Кол Палмер копнее по својот роден Манчестер и дека Јунајтед ќе се обиде да го искористи тоа. Единственото прашање е дали фудбалерот на Челси ќе сака да се пресели на другата страна, со оглед на тоа што е „дете“ на Манчестер сити. Најновите информации велат дека Челси го означи Кол Палмер како „недопирлив“ и покрај интересот од Манчестер Јунајтед за услугите на 23-годишниот играч за врска во нападот. ...

