Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари. Денеска е Св. маченица Татјана. Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена. После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јануари. Денеска е Св. маченици Ермил и Стратоник. Овие двајца маченици пострадаа во близина на Сингидунум, денешен Белград, во 315 година. Свети Ермил бил ѓакон кој многу се прославил со добродетелниот живот. Штом чул за него, императорот Ликиниј наредил да го затворат. Ноќта во затворот стражарот Стратоник го видел Ермила како разговара со еден ангел, по што се обратил и ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јануари. Денеска е Св. рамноапостолна Нина Грузиска и св. Сава. Света Нина потекнува од благородничко кападокиско семејство. Од мала била воспитана во Христовиот дух. Подоцна отишла во Грузија, го покрстила грузиското царско семејство и до крајот на животот (335 г.) ја обиколила цела Грузија, проповедајќи го Христос. Света Нина е просветителка на Грузија. Има слично значење како ...

