Во темнината на подземен тунел на мал грчки остров, научниците откриле суштество кое досега не било познато на науката. Станува збор за необичен вид пештерски штурец со долги, закривени нозе, кој го добил името по Балрог, огненото чудовиште од „Господарот на прстените“ на Џ. Р. Р. Толкин. Откритието е направено на островот Кастелоризо, во близина на турскиот брег, во вештачки тунел длабок околу 25 метри, издлабен во падините на планината ...

Стрим-услугата „Прајм видео (Prime Video)“ објави трејлер за третата сезона на серијата „Господарот на прстените: Прстените на моќта (The Lord of the Rings: The Rings of Power)“, чијашто премиера е закажана за 11 ноември. Извршни продуценти се Линдзи Вебер, Џастин Добл и Кејт Хејзел, заедно со извршната продуцентка и режисерка Шарлот Брандстром. Серијата е продуцирана во куќата „Амазон МГМ студиос (Amazon MGM Studios)“. Продуценти на серијата ...