Прехранбените производи во ЕУ изменети со современи методи на генетска техника во иднина ќе можат да се продаваат во супермаркетите без посебно означување. Соодветните растителни сорти во многу случаи ќе бидат изземени од досегашните строги правила за генетска техника, соопштија преговарачите од земјите членки на ЕУ и Европскиот Парламент (ЕП). Новите прописи сè уште треба да бидат потврдени од ЕП и ЕУ-членките. Обично тоа е само формалност. ...

Организаторите на Евросонг објавија значајни промени во правилата за гласање за следното издание на натпреварот, кое ќе се одржи во Австрија откако нивниот претставник Џ.Ј. победи оваа година. Новите мерки вклучуваат намалување на бројот на гласови од јавноста и враќање на стручните жирија во полуфиналето. Помалку гласови од јавноста Една од клучните промени се однесува на ограничувањето на бројот на гласови што гледачите можат да ги дадат. ...