Чави Ернандес допатува во САД во улога на голем поддржувач на шпанската фудбалска репрезентација, која утре во Њу Џерси ќе игра за втора светска титула во големото финале против Аргентина. 16 години по историската прва титула која ја освои генерацијата предводена од Висенте Дел Боске, Шпанија одново се врати на европскиот врв под тренерската палка на Луис де ла Фуенте, а истата генерација сега е на чекор од светската титула. Големото финале ...
Поранешниот тренер на Барселона, Чави, смета дека шпанската репрезентација се претстави особено добро во полуфиналето (2:0) со Франција на Светското фудбалско првенство 2026. -Мислам дека ова беше најдобриот натпревар на Шпанија на ова Светско првенство, вистинска ода за фудбалот. Не сум видел толку обединет тим со години, играјќи со таква самодоверба и во нападот и во одбраната. А ова беше против Франција, која се сметаше за најсилен тим. ...

