Фенербахче веќе 12 години нема титула од турското првенство, а раководството на клубот е решено да стави крај на постот. Гигантот од Истанбул тргна по потписот на хит напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, а двете екипи веќе преговараат за деталите. Првата понуда од пет милиони евра за позајмица до крајот на сезоната и задолжителен откуп од 30 милиони евра налето беше одбиена, бидејќи екипата од Серија А сака да го продаде репрезентативецот ...
Фенербахче е овогодинешниот победник на Суперкупот на Турција откако го победи својот најголем ривал Галатасарај со 2:0 во финалето на стадионот „Ататурк“. Фенербахче постигна по еден гол во секое полувреме на патот до победата, а првиот гол на натпреварот го постигна францускиот фудбалер Матео Гендузи, кој пристигна во Фенербахче од римски Лацио само пред неколку дена. Натпреварот беше резултатски решен на почетокот од второто полувреме кога ...

