„Букефал има пет нозе. Камениот мост е растегнат до бескрај и опремен со барем четири аркови повеќе од реалното. Скопското Кале е заменето со непозната тврдина. Александар Македонски носи капа како некаков бег. Наместо автентична црква, се појавува изобличена варијанта на белградската „Свети Сава“. Околу нив се распоредени и дополнителни архитектонски измислици“ – Левица реагира и го исмева новиот билброд „Добредојдовте во Скопје“, што вчера ...

„Скопје ја носи престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Орце Ѓорѓиевски, пак, решил таа чест да ја одбележи со билборд на кој речиси ништо не е скопско, историски веродостојно, архитектонски препознатливо и возможно. Со типичната арогантна самоувереност, градоначалникот се пофали дека градот го разубавувал со љубов, внимание и посветеност. Вниманието, очигледно, не стигнало до броењето на нозете на коњот, арките ...