Составот на ГРК Охрид го преслуша Еурофарм Пелистер (26:19) во првото полуфинале на завршниот турнир во Купот на Македонија. Охрид комплетно го надигра актуелниот првак кој не беше на посакуваното ниво на соочувањето во салата „Парк“ во Струмица. Популарните „гладијатори“ имаа јасен план, визија, игра од почеток до крајот и сосема заслужено за првпат во својата историја ќе игра финале со подобриот од скопската пресметка меѓу Вардар и ...

Ракометарите на ГРК Охрид се први финалисти во Купот на Македонија откако денеска на Ф4 турнирот кој се игра во салата „Парк“ во Струмица го декласираа Е. Пелистер со убедливи 26-19. Натпреварот почна тврдо на двете страни, а за првиот гол чекавме дури три минути кога Дејан Манасков донесе водство за битолчани од 0-1. Охриѓани првпат ја затресоа мрежата на противникот дури во 5. минута кога Ѓукиќ израмни на 1-1. Охрид заигра подобро во ...

ГРК Охрид за првпат во својата историја ќе игра во финалето на Купот на Македонија, откако го елиминираше Пелистер со 26-19 (13-7). За охриѓани ова е втора победа против битолчани во кратко време. За противник во финалето охриѓани ќе го имаат подобриот од мечот меѓу Вардар и Алкалоид, дуел кој почнува во 20 часот. Охрид некако лесно ја превзема иницијативата на мечот, одигра подобро во одбраната, го спушти Пелистер на само седум гола во само ...