Фудбалерите на Реал Мадрид го одржаа последниот тренинг пред заминувањето за Грција и мечот против Олимпијакос. Од видеата кои беа споделени на социјалните мрежи може да се забележи дека атмосферата е ведра, а во главна улога беа Чаби Алонсо и Винисиус. Тренингот беше повеќе од забавен карактер и за опуштање, а фудбалерите имаа вежба која е позната како „шева“. Во средина беше Чаби Алонсо, а Винисиус успеа да му ја протне топката меѓу нозете, ...

Дуелот на Арсенал и Баерн Минхен потврди дека Топчиите се најопасни при прекини и дека Баварците имаат мега талент во името на 17-годишниот Ленарт Карл. По првиот дел во Лондон на дербито на непоразените, резултатот е 1-1, па вторите 45 минути ќе решаваат кој ќе се радува на крај. Килијан Мбапе за само 6 минути и 43 секунди даде три гола (најбрз хет-трик во кариерата) и му донесе пресврт и водство на Реал Мадрид од 3-1 против Олимпијакос откако ...

Џуд Белингам вечерва не е стартер за Реал Мадрид на гостувањето кај Олимпијакос, а причина за такво нешто е потенцијална мускулна повреда, која може да му создаде проблеми на англискиот репрезентативец. Тренерот Чаби Алонсо добил сугестија од лекарскиот тим да го поштеди Белингам од денешните обврски, а со цел да не се искомплицира ситуацијата со проблематичното место, односно да не дојде до класична мускулна повреда. Белингам остана на клупата ...