Екипата на Алкалоид по три порази во серија освои бодови во Суперлигата, со победа над ГРК Тиквеш (30-23) на гостувањето во Кавадарци во рамки на осмото коло од плеј-офот. Екипата на Кирил Лазаров се мачеше да го пробие домашниот тим во првото полувреме, на пауза замина со еден гол позитива (12-11) заради добрата игра на Тордарсон кој беше одличен со пет гола, но во вториот дел, работите си дојдоа на место за „сините“ од Автокоманда. Во ...
Ракометарите на ГРК Охрид приредија вистински подвиг во рамките на плеј-офот од Суперлигата, совладувајќи го актуелниот шампион Вардар 1961 со 26-24. Иако „црвено-црните“ веќе математички ја имаат обезбедено титулата, „Гладијаторите“ покажаа многу поголема мотивaција на теренот во „Билјанини извори“, правејќи огромен чекор во битката за вицешампионската позиција. Натпреварот во Охрид започна со цврсти одбрани на двете страни, но Вардар успеа ...

