Лажните објави на социјалните мрежи дека границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута е отворена, предизвикаа еден од најголемите миграциски бранови меѓу двете земји во последните години, при што околу 60.000 луѓе пристигнаа на шпанска територија за само неколку дена. Најмалку 83 лица загинаа во стампедото, за време на опасното пливање и обидите за преминување на тесен бранобран – 72 на шпанската страна од границата и 11 на мароканската ...

По неколку денови на остри критики за мигрантската политика на шпанската влада откако десетици илјади Мароканци влегоа на шпанска територија, министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија денеска се обединија зад Мадрид, фокусирајќи се на тоа како да се спречи повторување на сцените од Сеута. Но, и покрај тоа Шпанија останува разочарана поради изјавите на одредени европски државници, како и заедничкото писмо кое го ...

Стотици луѓе се собраа во северномароканскиот град Фнидек, во близина на границата со шпанската енклава Сеута, барајќи информации за членови на семејството и пријатели кои исчезнале по масовното преминување. Насобраните им покажуваат фотографии од исчезнатите на минувачите и ги гледаат луѓето како се враќаат од Сеута, надевајќи се дека меѓу нив ќе ги видат своите најблиски. Десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати, додека најмалку 88 ...