Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако денеска убедливо загуби од Алжир со 37-23. По тешкиот пораз од дури 32 гола разлика против Тунис во претходното коло, македонските ракометарки повторно немаа сили за рамноправен натпревар. Нашата селекција ниту еднаш не успеа да поведе. Во почетните минути резултатот неколкупати беше израмнет, од 2-2 до 5-5, но потоа следуваше ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако денеска загуби од Грција со 1-3 во сетови. Македонските одбојкарки одлично го отворија натпреварот и го освоија првиот сет со 25-22, но потоа следуваше целосен пресврт. Гркинките го кренаа нивото на игра и во преостанатите три сета ѝ дозволија на Македонија да освои само 37 поени. Особено убедлив беше третиот сет, во кој Грција ...