Реал Мадрид се мачеше синоќа против Жирона, на крај одигра само 1-1 и практично се откажа од борба за титулата во шпанската лига, а во финишот имаше еден спорен момент кој предизвика многу полемики. Килијан Мбапе доби удар со лакт во пределот на лицето во 16-никот на гостите и беше раскрвавен, но судијата не досуди пенал и во Реал се налутија поради таа одлука. Ниту од ВАР собата немаше повик до главниот судија да погледне снимка од моментот. ...

„Кралскиот“ клуб е незадоволен бидејќи во финишот на средбата не доби најстрога казна откако Витор Реис го удри Килиан Мбапе. Иако беше невнимание и само замавна со раката, видеата покажуваат дека Французинот доби лакт в лице. Поради тоа повторно се крена прашина на Пиринеите и навивачите на Реал Мадрид се жалат особено откако се појавија новите фотографии на кои се гледа дека Мбапе крвари. Le revienta la cabeza a Mbappe y no arbitro ni VAR ...

Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на светот, но иако дава многу голови, бројките кажуваат дека неговото присуство е проблем за тимовите во кои игра. Реал Мадрид влезе во лоша серија откако тој се врати на теренот. Додека Мбапе беше повреден, Реал беше во победничка серија, а го елиминираше и Манчестер сити од Лигата на шампионите. Откако Французинот се врати во почетниот состав, случајно или не, тимот на тренерот Алваро Арбелоа не ...