На 25 ноември 2020 година, на 60 годишна возраст во Тигре, предградие на Буенос Аирес, почина легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Тој е најдобриот фудбалер на 20 век со гласање на официјалната веб-страница на ФИФА. Марадона е првиот носител на почесна „Златна топка“ на „Франс Фудбал“. За време на неговата 21-годишна кариера како фудбалер, тој играше во шест екипи, вклучувајќи ги Бока јуниорс (двапати), Барселона и Наполи. ...
На денешен ден во 2018 година, по кратко боледување, во Кентбери, Англија, на 66годишна возраст почина македонскиот драматург Горан Стефановски. Стефановски е роден во Битола во 1952 година, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, а драматургија студирал во Белград. Работел во Телевизија Скопје, бил асистент на Филолошки факултет, професор на Факултетот за драмски уметности, член на ПЕН центарот, на Друштвото на писатели на Македонија и ...
Наполи вечерва на стадионот „Диего Марадона“ го пречекува Карабах, а се навршуваат точно пет години од смртта на славниот Аргентинец, по кого е крстен стадионот во Неапол. Тоа треба да биде мотивација за Наполитанците да победат во чест на најдобриот фудбалер во историјата на клубот. Инаку според италијанските медиуми, тренерот Антонио Конте има две дилеми околу почетниот состав, а едната е дали лево крило да биде Давид Нерес или Елиф Елмас. ...

