Вчера во 11:35 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Р.Р.(36) од с. Бозовце. Околу 08:35 часот на влезот во с.Шипковица, тетовско, тој со возило „тојота“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода, а при преземање мерки било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно ...

36-годишеник од Бозовце, вчера бил лишен од слобода откако било утврдено дека учествувал во сообраќајна незгода додека управувал возило без возачка дозвола. Како што информираат од МВР, вчера околу 8:35 часот, на влезот во село Шипковица, Р.Р. со автомобил „Тојота“ со тетовски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода. При преземањето на мерки било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Р.Р. ...