Тиквеш во финишот од сезоната влезе во резултатска криза, а турбулентниот период кулминираше со смена на целиот стручен штаб. Кавадарчани на последните пет натпревари имаат само една победа, остварена на гостувањето во Струга. По еден бод освоија против Башкими и Арсими, додека забележаа убедливи порази од Силекс, Шкендија и Вардар. Во последните три кола Тиквеш постигна само два погодоци, а прими дури 12. Сепак, и покрај лошата серија, тимот ...
Во 31. рунда од домашниот фудбалски шампионат, Македонија ЃП на домашен терен го пречекува Тиквеш. Составот предводен од Боби Божиновски во дуелот кој ја решава за опстанок во елитното друштво ќе се обиде да забележи нова победа со што ќе ја продолжи триумфалната низа во самата завршница од првенството. Македонија ЃП во претходните два меча кои ги играше на домашен терен славеше во соочувањата со Шкупи и Работнички. Во првиот против екипата ...

