Златото падна под 5.000 долари за унца, откако трговците прибираа профити по добивката во претходната сесија поттикната од умерените податоци за инфлацијата во САД. Благородниот метал се намали за 1,5 отсто, откако во петокот порасна за 2,4 отсто, кога умерениот раст на индексот на потрошувачки цени за јануари ги ублажи стравувањата од поголем скок. Ова ја засили можноста Федералните резерви да ги намалат каматните стапки - позитивен фактор ...
Цените на златото забележаа пад утрово, под влијание на намалениот обем на тргување, откако финансиските пазари во САД и Кина останаа затворени поради државни празници, а дел од инвеститорите решија да реализираат профит по силниот раст од 2,5% на претходната сесија. Спот-цената на златото се намали за 0,9% на 4.997,6 долари за унца, додека фјучерсите за испорака во април на американскиот пазар паднаа за 0,6% на 5.017,2 долари за унца. ...
Цената на златото падна за повеќе од два проценти денеска, бидејќи празниците на главните пазари влијаеја на ликвидноста, додека геополитичките тензии се намалија, а посилниот долар го зголеми притисокот. Спот цената на златото падна за 1,9 проценти на 4.898,53 долари за унца, откако претходно достигна 4.862 долари за унца, пишува Ројтерс. Фјучерсите за злато во САД за испорака во април изгубија 2,6 проценти на 4.917,70 долари за унца. ...
Цените на златото забележаа силно закрепнување во среда, повторно надминувајќи ја психолошката граница од 5.000 долари за унца, откако пазарите реагираа на новите тензии во односите меѓу САД и Иран. Спот-цената на златото порасна за повеќе од 2,5% и достигна 5.001 долари за унца, откако извештаи од Вашингтон сугерираа дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп разгледува можност за воена акција против Иран. Претходно, цената падна на ...

