Млад возач кој управувал возило без возачка дозвола излетал од пат при што е тешко повреден. – На 08.09.2025 во 19:49 часот во ОВР Берово било пријавено дека на патот Пехчево-Делчево, на место викано „Крива Круша“, патничко возило „цитроен“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од А.П.(27) од Пехчево, кој немал возачка дозвола, излетало надвор од коловозот, информираа од полицијата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР. ...

