Изгласан е ребалансот на Буџетот на Општина Битола. Донесена е и новата Развојна програма на Општина Битола за периодот 2026–2028 година. „Со овие важни одлуки обезбедуваме стабилни финансии, јасна визија и континуитет во развојот на нашиот град. Продолжуваме со реализација на проектите кои значат подобра инфраструктура, поквалитетни услуги и уште посилен развој на Битола. Работиме посветено и одговорно за модерна и уредена општина“, објави ...

На денешната седница на Советот на Град Скопје беше усвоен ребалансот на Буџетот со еден глас против и еден воздржан. Со ребалансот се обезбедуваат средства за стабилизација на градските финансии, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавниот превоз, инвестирање во образованието и развој на нови зелени површини. 37 советници гласаа ЗА, еден воздржан и еден против. Градоначалникот истакна дека ребалансот претставува прв значаен чекор ...

„Овој ребаланс значи сериозна промена со кој буџетскиот дефицит го намалуваме за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции ги зголемуваме за речиси 98,9 милиони. Тоа е јасна порака дека нема повеќе нерационални задолжувања, туку нови решенија и нови проекти. Јавниот превоз го решаваме без нови кредити и без да го ставаме градот на колена. Приватните превозници се враќаат и повторно ќе возат, повторно ќе служат на скопјани“, напиша ...

Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на буџетот на град Скопје – обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции, информира попладнево градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски. На денешната седница на Советот на град Скопје, вели тој, беше изгласан ребаланс за закрепнување на градот и јавните претпријатија, ребаланс кој ќе овозможи плати за вработените, но и со кој се кратат непродуктивни ...