Вчера, осмо-мартовскиот марш во Скопје прерасна во масовен протест. Со слоганот „Нема да нè снема“ илјадници граѓани испратија порака до институциите и побараа реформи и оставки. Повод е трагедијата во Тафталиџе, а големиот број пријави што се случија веднаш по трагедијата, зборува дека Македонија се соочува со сериозна криза.Но, се изнаслушавме и колку системот не функционира и колку адвокатите знаат да ги заштитат сторителите и како ...
Проблемите со субвенциите ги засегаат сите земјоделци – лозари, овоштари, сточари и други производители, а државата должи над 100 милиони евра поради доцнење на исплатите. Поради финансискиот притисок, многумина се принудени да продаваат земја или добиток за да ги покријат кредитите и трошоците за производство. Новата програма за директни плаќања носи повисоки прагови, што предизвикува страв кај малите производители дека нема да можат да ги ...
Непријавен имот и симболични казни повторно ја отвораат дилемата – колку системот навистина ги обврзува функционерите да ја пријават имотната состојба? Законот остава простор по плаќањето на казната за неподнесување на анкетниот лист, обврската практично да престане. Ова не е приказна за поединци, туку за систем во кој роковите не се почитуваат, а одговорноста е минимална. Ако имотниот лист е законска обврска – зошто не е услов за ...
Системот „Безбеден град“ доби зелено светло од Уставниот суд, кој ги отфрли иницијативите против автоматското санкционирање и дигиталното известување како и забелешките за употребата на јазиците, односно барањата СМС-известувањата задолжително да бидат двојазични. Во пракса, ефектите веќе се чувствуваат – возачите возат повнимателно, а бројките покажуваат намалување на прекршоците. Но, само во првиот месец до Основниот кривичен суд Скопје се ...

