После двете победи на натпреварите со Азербејџан дома и Република Ирска на гости, селекторот Марјан Илиевски направи една мини-ретроспектива на она што беше реализирано во текот на изминатата седмица во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Скор од 2-0 по првите две кола има и Луксембург, нашиот следен ривал, кој доаѓа во Скопје на 27-ми февруари 2026 година. „Сакам да им честитам на играчите, бидејќи од една негатива и од лош почеток ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација има одличен старт во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. По победата Азербејџан во Скопје, совладана е и Ирска во Даблин со 76:88, еден од конкурентите за првото место во Групата – А. Во продолжение на претквалификациите, Македонија ќе одигра уште два натпревари кон крајот на февруари и почетокот на март следната година. Прв ривал ќе биде Луксембург, а потоа следи ...