Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Изложбата насловена „Народните херои - огледало на државата“ ќе биде отворена денеска во Скопје. Како што информираат од организацијата на настанот, изложбата на авторот - проф. д-р Марјан Димитријевски, е базирана на нови архивски материјали, во голем дел, досега необјавени. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Отворањето е во 11 часот во НУ Музеј на Република Северна Македонија - Скопје. ...

Денеска, 11 мај (понеделник) со почеток во 11 часот, во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата ,,Народните херои-огледало на државатa“ чиј автор е проф. д-р Марјан Димитријевски. Изложбата на своевиден авторски начин го афирмира вечниот спомен, почит и благодарност кон македонските херои-хероини кои придонесоа кон нашата цивилизациска вредност. Од тука сегашните и идни генерации треба да се грижат за чување и оживување на ...