Позитивни и емотивни моменти по повторното обединување на децата кои се на болничко лекување со своите другарчиња и наставници. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека формалното образование дава добри резултати, децата се вклучени во образовниот процес, а истовремено имаат можност за момент да побегнат од својата реалност. Откако од први септември беше воведена оваа мерка, болните дечиња кои поради состојбата мораат да ...

Во првото полугодие од учебната 2025/2026 година, вкупно 35 деца кои речиси постојано се лекуваат во болница успеале да бидат вклучени во наставата, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Оваа учебна година започна да се применува нова системска мерка што на учениците кои отсуствуваат повеќе од три недели поради здравствени причини им овозможува да не го прекинат образованието – да следат онлајн настава во живо со ...