Новоизбраниот Совет на Општина Тетово денеска ја одржа својата прва седница, на која за претседавач е избран Јусуф Абдули од коалицијата „Вреди“. На изборот на Абдули реагираа од коалицијата НАИ предводена од ДУИ и од „Подобро за Тетово“. Тие кажаа дека изборот е направен без да им се овозможи да дискутираат за овој предлог и го обвинија Абдули дека вршел партизација во образованието. Од 31 советник во Советот, за Абдули гласаа 16, 13 од „Вреди“ ...

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, денеска пред новинарите го претстави неговиот заменик Алби Ќамили. Касами кажа дека функцијата заменик-градоначалник постои во Статутот на Општината, но досега не била активирана. „Имајќи предвид дека јас сум ангажиран и надвор од функцијата градоначалник во политичкиот дел, ова ќе придонесе да нема застој во активностите во рамките на Општина Тетово и услугата за нашите граѓани да биде ...