Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Зимското сметање на времето годинава, според одлуката на Европската комисија, ќе почне на 25 октомври кога стрелките на часовникот ќе се вратат од 03.00 на 02.00 часот, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. Распоредот е изготвен врз основа на важечките правила, така што ...
Во недела, на 25 октомври, во три часот по полноќ завршува летното и започнува зимското сметање на времето. Часовниците ќе се поместат еден час наназад, од три на два часот, со што граѓаните ќе добијат дополнителен час за спиење. Промената ќе се изврши автоматски на повеќето мобилни телефони, компјутери и други електронски уреди, додека механичките часовници и уредите без автоматско приспособување ќе треба рачно да се наместат. Со ...

